Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2022

СИТЕ ДОБРИ НЕШТА

       Долго време не пишував на блогот, но како секој професионален прокастинатор, цело време размислував на него и во своите мисли разговарав со вас. Блогот почна како мој днавник кој би ми помогнал на мојот пат кон ослобнувањето, но се развиваше во други правци истовремено. Како што ви е познато јас повеќе од 30 години страдам од мигрена. Овој факт ме има наведено длабоко да се нурнам во истражување на теми медицина, здравје, исхрана, здрав живот и сл. Бидејќи одсекогаш сум имала љубов кон читање јас сум во постојано истражување на горенаведените теми, секогаш имам некоја нова книга, секогаш учам нешто ново и секогаш имам нешто интересно кое сакам да го споделам. Затоа овој блог решив да го направам поопшт и во него да споделувам за сите нешта за кои знам, за сите нешта кои би ви помигнале да водите поисполнет и поздрав живот- за сите добри нешта. Тука ќе споделувам препораки за книги, размислувања, идеи, рецепти, животни трикови, DIY, интересни факти и се останато. Придружете ми се