Skip to main content

Posts

Showing posts from September, 2020

САКАЈ СЕ

„Јаболкницата не се обидува да стане Даб“ Садџгуру Патот до преобразбата започнува со само-прифаќање. Љубовта кон другите започнува со љубовта кон себе.  Пеперутка е подеднакво убава и кога е гусеница, и подеднакво жива кога е чаура.  Photo by Roman Kraft on Unsplash Со години имам проблеми до тежината и со години се мразам поради тоа. Моето тело е високо и гломазно, моите стапала се долги, моите колкови се широки мојата коса е густа... се кај мене е големо, се кај мене е повеќе... и го мразев тоа. Јас сум тоа што Дипак Чопра го нарекува Каппа Доша - голем и спор човек... и го мразев тоа. Затоа правев се што е во моја моќ за да се сменам. Мислев дека се обидувам да се подобрам но всушност сакав да станам некој друг. Нешто како носорогов кој сонува да стане еднорог ;) https://images.app.goo.gl/KfBrSewj3nD87wS46 Оваа есен читав неколку книги од Чопра и сватив колку грешам што не успевам да ја прифатам сопствената природа. Не прифаќањето не е подобрување, како што и прифаќањето не значи

ЈАДЕШЕ ЛИ ЛЕБ?

Лебот наш насушен Толку многу лебот е дел од нашето секојдневие што навлегол длабоко во јазикот па прашуваме „Јадеше ли леб?“ кога сакаме некого да прашаме дали јадел оброк. Лебот е неразделив дел од главните оброци, есенцијален и за голем дел од ужините. Огромен број нашите јадења едноставно мора да се јадат со леб. Макала, к`лчаници, ајвари, намази, кајмаци... Photo by Mae Mu on Unsplash Толку сентиментално сме врзани за него. Мирисот на свежо печено лебче ме враќа во детството. Киселото тесто ме потсетува на баба ми, на ладните зимски денови и топлината од печката. Кифличките ме потсетуваат на сите родендени, слави, нови години а зелникот на Саботните утра во кои заедно појадувавме... Затоа од лебот ми е најтешко да се откажам. Сепак велат дека лебот е една од најштетните работи кои можеме да ги изедеме. Тоа е барем ставот на повеќето научници и лекари кои прават истражувања на таа тема. Пченицата е еден од 8-те најчести алергени. Интолеранцијата на глутен и сите здравствени пробле

КАЛЦИУМОТ УБИЕЦ?

Минатата недела в Аптека една жена бараше суплементи на Калциум. Го бараше брендот кој има најголема количина на калциум убедена дека истиот е добар за нејзината коса и коски. Сакав да и кажам нешто, но од искуство знам дека одговор можеш да дадеш само на поставено прашање. Сепак од тогаш наваму имам грижа на совеста. Можеби сепак требаше да кажам нешто.  Во последните неколку години се издадени резултати од неколку студии кои јасно укажуваат на тоа дека штетата од суплементите на калциум ги надминува бенефициите од истите.  Имињата од публикациите на студиите ќе ги најдете на првите слајдови од видеото подолу.  Имено постои директна корелација на зголемување на можноста од срцев удар или мозочен излив со конзумирање на суплементи на калциум, како и со зголемување на внес на калциум преку млеко и млечни производи. Калциумот се наталожува по крвните садови правејќи ги крути и не-флексибилни.  Воедно со низа студии е докажано дека внес на калциум воопшто не ја намалува можноста од остеоп