Skip to main content

ЈАДЕШЕ ЛИ ЛЕБ?

Лебот наш насушен

Толку многу лебот е дел од нашето секојдневие што навлегол длабоко во јазикот па прашуваме „Јадеше ли леб?“ кога сакаме некого да прашаме дали јадел оброк. Лебот е неразделив дел од главните оброци, есенцијален и за голем дел од ужините. Огромен број нашите јадења едноставно мора да се јадат со леб. Макала, к`лчаници, ајвари, намази, кајмаци...

Photo by Mae Mu on Unsplash

Толку сентиментално сме врзани за него. Мирисот на свежо печено лебче ме враќа во детството. Киселото тесто ме потсетува на баба ми, на ладните зимски денови и топлината од печката. Кифличките ме потсетуваат на сите родендени, слави, нови години а зелникот на Саботните утра во кои заедно појадувавме...

Затоа од лебот ми е најтешко да се откажам.

Сепак велат дека лебот е една од најштетните работи кои можеме да ги изедеме. Тоа е барем ставот на повеќето научници и лекари кои прават истражувања на таа тема. Пченицата е еден од 8-те најчести алергени. Интолеранцијата на глутен и сите здравствени проблеми поврзани со неа се познати веќе со години. Листата е долга...

Сепак од лебот ми е најтешко да се откажам.

Зимава се обидов да правам „здрава“ варијанта. Направив домашен квасец. Процесот беше интересен но долг. Киселото тесто со домашен квасец е полно со разни видови на квасни габи и бактерии кои во периодот на „стасување“ на тестото, кој трае од 24-36 часа, ја менуваат структурата на тестото. Имено тие го „јадат“ глутенот со што се олеснува дигестијата, му даваат киселост на тестото со што значително се намалува инсулинската реакција при конзумација на истото. 

Доколку ве интересира како да направите самите кавсец-стартер погледнете го видеото подолу. Лиса исто така убаво опишува зошто лебот од домашен квасец е поздрав. Ако сакате да напишам и посебен блог за тоа пишете во коментарите.

Вкусот е неверојатен, богат, киселкаст, префинет. Дефинитивно почувствував дека дигестијата е подобра, нема подувување на стомакот, нема киселост во устата. Рецептите се лесни и многу интересни. Има илјадници на youtube.

Припремата е полесна од обичен леб бидејќи работите со влажно тесто па нема месење. Кога ќе го фатите точното време за печење во вашата рерна и тоа е лесно. Но одржувањето на квасно тесто бара постојано хранење на истото. Тоа значи дека треба или постојано да го користите квасецот за леб, палачинки, вафли, кифли и сл., или треба постојано да фрлате дел од него. Јас не се чувствувам лагодно да фрлам брашно, ниту да го фрлам квасецот кој го чувствувам како живо суштество. Затоа летово кога решив да се обидам со кето, морав да престанам да го чувам квасецот (го употребив целиот во последните палачинки). 

Сега не јадам леб.

Не можем да кажам дека не ми недостасува. Не можам да кажам дека не краднувам повремено по некое залаче. Не можам да кажам дека сум 100% сигурна дека е ова добра одлука. Можам само да кажам дека малку подобро се чувствувам, но не можам да кажам дека тоа е единствената причина.

Знам дека ќе кажете дека лебот е тука илјадици години, познат уште од времето на Египетските фараони. Како тогаш е можно сега одеднаш да е толку штетен за нас? Затоа што веќе не ја одгледуваме истата пченица. Старото зрно Еинкорн сега целосно е заменето со сорта создадена со вкрстување- Дурум која дава сериозно поголеми приноси. Економските бенефици направиле во рок од една генерација луѓето целосно да го истиснат старото зрно до скоро целосно истребување. Сега поради здравствените бенефиции Еинкорн сортата почнува постепено да се враќа по органските полиња, но затоа е скапа и тешко достапна. Кај нас сеуште не сум нашла, ако сте виделе некаде ве молам пиште ми. 

Тоа е мојата приказна за лебот. Секоја вистинска љубов е несреќна... нели 😉


Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/