Skip to main content

Posts

КАКО МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ДЕЦАТА СО МИГРЕНА

     Денеска би сакала да зборуваме за нашите најмали паталци, за децата со мигрена. Од почетните прашања при зачленување во групава знам дека многу од вас имаат деца со мигрена и тука сте најмногу заради нив. И мојот син како и јас има мигренозни напади. И јас од најрано детство имам мигренозни напади и затоа постојано сум заинтересирана за начини на кои можам да му помогнам.    Мигрената кај децата воопшто не е ретка и загрозува около 10% од децата во основно училиште и до 28% од адолесценти од средношколска возраст. Многу од децата нападите продолжуваат да ги имаат и откако ќе станат возрасни. И иако симптомите и манифестацијата на мигрената кај децата се различни сепак постојат многу начини на кои родителот може да им помогне и олесни.                                                    Photo by  Caleb Woods  on  Unsplash     Консултирајте се со вашиот матичен лекар. Побарајте стручна дијагноза од невролог. Направете ги испитувањата препорачани од лекарот за да ги елиминирате другит
Recent posts

ПРАЗНИЦИ СО МИГРЕНА

Photo by Michelle on Unsplash Празниците се период за веселби, дружби, гозби и возбуди. А за нас тоа значи и стрес, изместен распоред на спиење, неправилна исхрана, алкохол и затоа неизбежни напади на мигрена.  Денес ќе споделам неколку совети за како де ги пребродиме празничните денови побезболно.  Стрес- планирајте однапред за да го намалите стресот. Купете подароци навреме, избегнувајте ги гужвите во моловите и продавниците. Практикувајте вежби за дишење за да го намалите стресот. Направете листа со музика за медитација и смирување. Посветете си неколку мига само за вас секој ден. Алкохол- за многумина од нас алкохолот е голем тригер. Затоа знајте точно колку и што можете да испиете и дали воопшто можете да толерирајте алкохол. Знајте ги своите граници и не ги надминувајте, дури и ако почувствувате притисок од околината. Затоа е добро да празнувате со луѓето кои ве разбираат и се грижат за вас. Обидете се да го прескокнете црвеното вино, кое е еден од најчестите тригери. Храна- јад

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/

АУРА

Аурата е истовремено непогода и супер моќ. Ви дава можноста навремено да реагирате но и предвидува лош остаток од денот. Јас лично имам визуелна аура која почнува со светкање а продолжува со слепило во фокалниот дел. Трае од 15-тина минути до 2 часа и крајот на аурата е почеток на болката.  Photo by Stefan Cosma on Unsplash Аурата најчесто трае околу 1 час и представува низа на сиптоми кои се јавуваат во почетната фаза на мигренозниот напад. Се појавува кај една третина од пациентите со мигрена. Што точно ја предизвикува не е точно познато. Ова се најчестите симптоми: Визуелни симптоми Визуелните симптоми се најчест вид на аура. Тие се во вид на светли точки, треперење на светлина, блесочи, цик-цак линии, слепи точки, дефокуситање и сл. Ова може да биде голема пречка во секојдневното функционирање особено при возење, работа со машини, работа на компјутер итн. Говорни симптоми Говорните симптоми поретко се јавуваат но сепак се пристуни. Станува збор за неможност да се сетите на вистинс

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по нападот и може

СИТЕ ДОБРИ НЕШТА

       Долго време не пишував на блогот, но како секој професионален прокастинатор, цело време размислував на него и во своите мисли разговарав со вас. Блогот почна како мој днавник кој би ми помогнал на мојот пат кон ослобнувањето, но се развиваше во други правци истовремено. Како што ви е познато јас повеќе од 30 години страдам од мигрена. Овој факт ме има наведено длабоко да се нурнам во истражување на теми медицина, здравје, исхрана, здрав живот и сл. Бидејќи одсекогаш сум имала љубов кон читање јас сум во постојано истражување на горенаведените теми, секогаш имам некоја нова книга, секогаш учам нешто ново и секогаш имам нешто интересно кое сакам да го споделам. Затоа овој блог решив да го направам поопшт и во него да споделувам за сите нешта за кои знам, за сите нешта кои би ви помигнале да водите поисполнет и поздрав живот- за сите добри нешта. Тука ќе споделувам препораки за книги, размислувања, идеи, рецепти, животни трикови, DIY, интересни факти и се останато. Придружете ми се

АНТИДИЕТА

 Драги мои, Има повеќе од една година како не сум пишувала на блогот, но во моите мисли разговарам со вас секој ден. Во текот на оваа година многу работи се сменија, ми се отворија многу нови погледи и дојдов до многу нови знаења. Долго бев во забуна од многу конфликтини информации и ми беше потребно време да дојдам до сопствени зклучоци за вистината. Денес знаејќи повеќе знам и колку многу не знаеме за човечкото тело, за начинот на кој функционира и за начинот на кој треба да го чуваме и одржуваме во оптимална форма. На почетокот на минатата година започнав со строг режим на интервално постење, со ОМАД секој втор ден, и два оброка во останатите денови. Овој метод се покажа многу функционален како за намалување на килограмите така и за намалување на инсулинот. Но, знаевте дека има „но“ нели, но, почнав да чувствувам притисок, се чувствував лишено и главоболките нагло ми се зголемија и зачестија. Знаев дека е време да се паузира, и за прв пат во животот решив проблемот со мигрените да г