Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2020

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Кога животот ќе ти даде лимони, направи си лимонда! Здраво, Денеска за прв пат по неколку мигренозни денови се чувствувам одлично. Веќе е пладне а утрото без појадок помина неосетно. Денес сакам да зборуваме за јаболковиот оцет.  Photo by The Matter of Food on Unsplash Зошто? Јаболковиот оцет нема многу хранливи состојки од тип на витамини и минерали, но има една состојка која помага во регулацијата и апсорпцијата на витамините и минералите во телото. Станува збор за оцетна киселина - acetic acid. Повеќето од луѓето имаат тело кое е премногу алкално. Тоа ја спречува апсорпцијата на калциомот, предизвикува загуба на калиумот и го намалува имунитетот на телото. Истовремено може да предизвика артритис, мигренозни болки, грчеви во мускулите, око кое игра... Алкалозата е предизвикана најчесто од зголемен кортизол ,кој влијае дирекно на PH вредноста на телото. Ова е хормон кој се лачи кога организмот е под стрес. Алкалозата може да биде предизвикана и од високопротеинска исхрана од тип на А

КЕТО ИЛИ НЕ

Здраво, Предходната недела решив да се обидам со кето. Не сум била 100% доследна до режимот ама ги исфрлив лебот и сладките комплетно, и ги исфрлив грицкањата меѓу оброците комплетно. Единствено два три пати си дозволив овошје зошто сега е сезона на највкусните овошки и просто неможам да одолеам.  Photo by Anh Nguyen on Unsplash Размислував на тема кето веќе некое време. Искрено да кажам многу се плашев да се обидам. Си мислев дека ќе бидам гладна. Си мислев дека ќе ме боли главата. Си мислев дека нема да биде вкусно. Но всушност супер се чувствувам. Почнав со намера да пробам две дена во неделата но денес е 9-ти ден и сеуште немам потреба да јадам јагленихидрати. Photo by Brooke Lark on Unsplash   Што е КЕТО Кето е начин на исхрана во кој организмот енергијата комплетно ја добива од согорување на кетони.  Што е КЕТОН? Кетон е алтернативен извор на енергија кој потекнува од мастите, но не е ниту маст, ниту јагленхидрат, ниту протеин. Кетони се создаваат во организмот кога значително

ДЕН ЗА МАМЕЊЕ

Здраво, Денеска е Понеделник но во овој пост јас сакам да зборувам за мојата Недела. Кога го започнав овој режим наидов на еден многу добар совет од страна на Kejлa oд youtube. Таа препорачува Неделата да биде ден за мамење, ден во кој не важат никакви правила, и за неколку часа вие не сте на диета, живеете и јадете како што ќе посакате.  Прво идејата ми беше многу одбивна. Си велев тоа може многу да наштети на мојот напредок. Тоа ќе го забави слабеењето... Но откако размислив убаво сватив дека е многу добра идеја. Впрочем ИФ не е диета туку промена на начинот на живот. Тоа е своевидно лишување од задоволстото и утехата кои ги нуди храната и ако се гледа на тој начин може да биде голем притисок да се издржи подолго време. Посебно ако се обидувате како мене ИФ да го комбинирате со Кето кога освен од сладките се откажувате и од овошјето и тестата, притисокот е голем. Затоа да се има ден во кој се е дозволено е одличен начин да се почестите себе си за добрата работа и да си приуштите дел

СТРАВОТ ОД ВАГАТА

When you do what you fear most, you can do anything. Stephen Richards Здраво, Проблемите оваа година никако не завршуваат. Денеска почнав да се чувствувам како да живеам во дистописко општество во кое е нормално да се носат маски, да ви мерат температура, да ве снимаат и набјудуваат а најстрашно од се да ве затвораат како и како ќе сакаат. И згора на се неделава огромни неочекувани судски трошоци. Камо среќа да можев да ги платам со монопол пари... Што да ви кажам имаше неколку емоционални грицкања и засладувања вон периодот за јадење. Месечниот циклус се наближува, па почнав да се подувувам и кога се ќе се земе предвид, денес качувањето на вага беше многу стресно. Photo by Anthony Tran on Unsplash Во текот на месечниот циклус постои нормална варијаација на тежината од 1 до 2,5 килограми. Ова се должи на задржување на водата, прејадување, сладките грицки кои во тој период се скоро неопходни. Оваа тежина се собира при крајот на циклусот и ја снамува два-три дена откако ќе почне новиот

П ЗА ПОЧЕТОК

Почни пред да бидеш подготвен Marie Forleo Здраво, Денеска е добар ден за нови почетоци. Ќе прашате зошто. Не е Понеделник, не е први во месецот и сигурно не е нова година- но сепак денес е ден за почеток затоа што денес е денес! Јас почнав со моето ИФ патување нешто пред почетокот на оваа година. Ги изгледав сите можни видеа на dr. Jason Fung почнав да ја читам неговата книга и преку ноќ решив дека сум спремна за повеќедневен пост.  Таа вечер неможев да спијам од ентузијазам. Утрото станав полна со енергија, си направив кафе и долг список со работи со кои ќе си го одвлекувам вниманието во текот на денот. Сепак се што е потребно е силна волја нели? Се разбира дека не! Ние сме физички суштества водени од хормони. Хормоните решаваат кога и колку ќе сме гладни, и тие решаваат кои се границите на нашата волја. Кај мене тоа беше веќе во 14 часот кога решив дека е време за појадок.  Утредента се разбудив попаметна. Решив да не се откажувам и да продолжам полека, постепено, персонализирано, п

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. Ова е понапредн