Skip to main content

ШТО Е ИФ

Здраво,

Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење.
Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате.



Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast). 
Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци.
Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете. 

Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот.

16/8

Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“. 

18/6

Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. Ова е понапредна варијанта на ИФ која освен бенефиции на намалување на тежина има многу поголеми бенефиции и за регенерација на телото. Имено после 16 часа пост во телото се активира еден механизам на само-обновување наречен „аутофагија“ при што телото ги рециклира старите оштетени клетки, и нивниот материјал активно го користи за создавање на нови клетки.

20/4

Шемата веќе ви е јасна, се јаде 4 часа се пости 20 часа. Оваа диета е позната како Warrior Diet или диета на борецот/ воинот како сакате. Овдека телото е сериозно во фаза на Кето и механизмот на „аутофагија“ е многу поинтензивен. 

OMAD

Ова е кратенка за „One Meal A Day“ што буквално значи „Еден Оброк На Денот“. Станува збор практично за пост кој трае скоро 24 часа и бенефициите се огромни како за тежината така и за обновата на организмот. Ова е еден од најпопуларните трендови на запад. 

2MAD

Скратено од 2 Meals A Day односно два оброка на ден. Ова практично се комбинира со било кој од предходните режими (16/8, 18/6 или 20/4). Тука се потенцира важноста на тоа да не се јадат грицки меѓу оброците, за телото да има можност инсулинот да го намали и во текот на периодот на јадење. 

ПОСТ СЕКОЈ ВТОР ДЕН

Ова е прилично екстремна варијаната на ИФ но и една од најефикасните. Имено станува збор за еден ден јадење 3 нормални оброци, и нареден ден пост. Некои експерти дозволуваат и до 500 калории оброк во денот на пост додека да се привикне организмот. Тука се јавува период на пост од околу 36 часа и бенефициите по здравјето и корекцијата на хормоните се најголеми во однос на предходните. Воедно појавата на ден со 3 оброци оневозможува успорување на метаболизмот. Но сепак оваа варијанта е и психолошки најтешка за примена.


Јас имам интензивна резистентност на инсулин и варијантата 16/8 не е доволна кај мене да предизвика значителна загуба на килограми. Затоа практикувам 18/6 и се стремам кон 20/4. 
За сите видови на пост ќе следуваат подеални објаснувања. 
Се читаме...

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/