Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2023

ПРАЗНИЦИ СО МИГРЕНА

Photo by Michelle on Unsplash Празниците се период за веселби, дружби, гозби и возбуди. А за нас тоа значи и стрес, изместен распоред на спиење, неправилна исхрана, алкохол и затоа неизбежни напади на мигрена.  Денес ќе споделам неколку совети за како де ги пребродиме празничните денови побезболно.  Стрес- планирајте однапред за да го намалите стресот. Купете подароци навреме, избегнувајте ги гужвите во моловите и продавниците. Практикувајте вежби за дишење за да го намалите стресот. Направете листа со музика за медитација и смирување. Посветете си неколку мига само за вас секој ден. Алкохол- за многумина од нас алкохолот е голем тригер. Затоа знајте точно колку и што можете да испиете и дали воопшто можете да толерирајте алкохол. Знајте ги своите граници и не ги надминувајте, дури и ако почувствувате притисок од околината. Затоа е добро да празнувате со луѓето кои ве разбираат и се грижат за вас. Обидете се да го прескокнете црвеното вино, кое е еден од најчестите тригери. Храна- јад

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/