Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2020

МИТОВИ ЗА ИНТЕРВАЛНОТО ПОСТЕЊЕ

Сега кога новата година е пред нас, особено по ваква тешка и исцрпувачка година зад нас, се замислуваме како да ја подобриме наредната година. И клише или не сега е време за Новогодишни резолуции. Минатата година Интервалното постење беше мојата резолуција и направи огромна разлика во мојот живот. Доколку оваа година размислувате да биде и вашата но имате сомнежи, оваа е пост за вас. Photo by Sweta Meininger on Unsplash Постењето постои како пракса уште од древните времиња. Постои како пракса во повеќето распространети религии а, како мерка за подобрување на здравјето е споменувано уште од Хипокрит, таткото на медицината.   Сепак во последниот век нашиот однос кон храната се промени до тој степен што стана сосема нормално постојано да се јаде и да се грицка и потполно е незамисливо да се прескокне макар еден оброк а за спомнувањето на целодневен или повеќедневен пост веќе ќе добиете сериозни реакции од околината поткрепени од многу теории за како тоа е штетно по вашето здравје. Па да