Skip to main content

Posts

Showing posts from August, 2020

ЖИВОТ СО БОЛКА

Паметам се... Имам околу 5 години, главата ме боли толку многу и повраќам во бањата на баба ми. Мама со едната рака ми ја држи косата а со другата челото. Паметам се... Мекоста на рацете на мама, студените плочки под нозете, мирисот на сапунот во бањата, но пред се болката- парализирачка, остра, страшна болка- илјадници ножеви ми го сечат мозокот. Тоа е моето најрано сеќавање од детството. А ова не е единствен настан, паметам се... Рацете на кад'ната комшивка обоени со к'на кои ми поминуваат нежно по лицето и главата. Нејзиниот глас кој тивко шепка некаква за мене неразбирлива молитва. Солта која ми ја дава да ја лизнам. Паметам се... Сите вечери кои ги поминав скриена под масата бегајќи од светлината на јаките жолти сијалици...  Не ме сваќајте погрешно. Јас имав прекрасно детство дури идилично но секој ден со болка е силно врежан во моето сеќавање до најситниот детал и фрла сенка врз останатите денови.  Мислам дека разбравте до сега. Јас имам мигрена. Ова е факт кој континуира

МАНТРА

Здраво, Повторно е доцна, повторно е ноќ по тежок ден (како што би рекле Битилсите). Во вакви вечери обично би испила ладно сладко кафе, или би изела половина чоколадо, или пак сладолед, или чипс и пиво... милион лоши начини на самосожалување. Факт е дека ни една од овие опции нема да направи да се почувствувам помалку уморно, ниту пак ќе направи утре денот да ми биде подобар. Утре пак ќе работам напорно, утревечер пак ќе барам утеха во храната.  Како работи мозокот на зависникот... само една коцка ќе изедам, само денес, само уште една, утре ќе почнам од почеток, каква разлика ќе направи само еден ден, јас заслужувам да се почестам, премногу сум уморна за диета, зашто се измачувам ни оваа диета нема да успее... работи брбори убедува. Денес не се предавам, утре ќе биде нова борба. If you have a strong enough why, you can do any how! Ако имаш доволно јако зошто, ќе можеш да постигнеш се. Затоа овој пат имам мантра која си ја повторувам секој пат кога чоколадна торта ќе ми продефилира пре