Денеска би сакала да зборуваме за нашите најмали паталци, за децата со мигрена. Од почетните прашања при зачленување во групава знам дека многу од вас имаат деца со мигрена и тука сте најмногу заради нив. И мојот син како и јас има мигренозни напади. И јас од најрано детство имам мигренозни напади и затоа постојано сум заинтересирана за начини на кои можам да му помогнам. Мигрената кај децата воопшто не е ретка и загрозува около 10% од децата во основно училиште и до 28% од адолесценти од средношколска возраст. Многу од децата нападите продолжуваат да ги имаат и откако ќе станат возрасни. И иако симптомите и манифестацијата на мигрената кај децата се различни сепак постојат многу начини на кои родителот може да им помогне и олесни. Photo by Caleb Woods on Unsplash Консултирајте се со вашиот матичен лекар. Побарајте стручна дијагноза од невролог. Направете ги испитувањата препорачани од лекарот за да ги елиминирате другит