Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2022

АНТИДИЕТА

 Драги мои, Има повеќе од една година како не сум пишувала на блогот, но во моите мисли разговарам со вас секој ден. Во текот на оваа година многу работи се сменија, ми се отворија многу нови погледи и дојдов до многу нови знаења. Долго бев во забуна од многу конфликтини информации и ми беше потребно време да дојдам до сопствени зклучоци за вистината. Денес знаејќи повеќе знам и колку многу не знаеме за човечкото тело, за начинот на кој функционира и за начинот на кој треба да го чуваме и одржуваме во оптимална форма. На почетокот на минатата година започнав со строг режим на интервално постење, со ОМАД секој втор ден, и два оброка во останатите денови. Овој метод се покажа многу функционален како за намалување на килограмите така и за намалување на инсулинот. Но, знаевте дека има „но“ нели, но, почнав да чувствувам притисок, се чувствував лишено и главоболките нагло ми се зголемија и зачестија. Знаев дека е време да се паузира, и за прв пат во животот решив проблемот со мигрените да г