Skip to main content

АНТИДИЕТА

 Драги мои,

Има повеќе од една година како не сум пишувала на блогот, но во моите мисли разговарам со вас секој ден. Во текот на оваа година многу работи се сменија, ми се отворија многу нови погледи и дојдов до многу нови знаења. Долго бев во забуна од многу конфликтини информации и ми беше потребно време да дојдам до сопствени зклучоци за вистината. Денес знаејќи повеќе знам и колку многу не знаеме за човечкото тело, за начинот на кој функционира и за начинот на кој треба да го чуваме и одржуваме во оптимална форма.



На почетокот на минатата година започнав со строг режим на интервално постење, со ОМАД секој втор ден, и два оброка во останатите денови. Овој метод се покажа многу функционален како за намалување на килограмите така и за намалување на инсулинот. Но, знаевте дека има „но“ нели, но, почнав да чувствувам притисок, се чувствував лишено и главоболките нагло ми се зголемија и зачестија. Знаев дека е време да се паузира, и за прв пат во животот решив проблемот со мигрените да го ставам на прво место и конечно систематски да се обидам да го решам. После година дена консултации со невролог, експерименти со лекарства и конечно добра дијагноза мојата мигрена ја ставив под контрола за прв пат по 30 години. Ова за мене имаше толку голем импакт што мојата тежина автоматски стана толку небитна и јас едноставно кренав раце од обиди за ослабнување.

Ја прочитав книгата „Интуитивно јадење“ од Елис Ресч и Евелин Трибол и за прв пат во животот се видов себеси од страна и со сочувство. Безброј диети, безброј изгладнувања, и огромна вина со секој залак од храната што ја сакам. Ова едноставно не е начин на кој човек кој се сака себеси, треба да се однесува кон себе. Па почнав да применувам дел од принципите на книгата и истата топло ја препорачувам. Тоа не е програм за слабеење, напротив, тоа е начин на кој можете да си опростите самите на себе и да продолжите понатаму полесно а не полесни. 

Во видеата подоле може да се запознаете со принципите опишани во книгата. Аби на лесен начин ги објеснува во неколку видеа. 




Сега после година дена дозволување на себе си да јадам кога ќе посакам, што ќе посакам. После интензивно слушање на знаците на моето тело, мислам дека конечно сум спремна да додадам здрави навики во мојата исхрана. Не диета- никако диета- за да можам да го сакам и почитувам моето тело секој ден со секој оброк. 

Што детално почнав да додавам ќе ви пишам во наредниот пост, но интервалното постење дефинитивно сеуште игра голема улога.

Се читаме...

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...

ЛЕТНАТА ТОПЛИНА ТРИГЕР ЗА МИГРЕНА

 Летото е време за сонце, одмори и забава — но за оние кои страдаат од мигрена, топлината може да биде скриен тригер. Високите температури можат да предизвикаат дехидратација, ширење на крвните садови и нарушувања на спиењето, што сè води до зголемување на фреквенцијата и интензитетот на мигрените. Photo by Ethan Robertson on Unsplash Најчести тригери во лето: Дехидратација : Често се потценува, но е клучна. Мозокот е многу чувствителен на промени во хидратацијата. Прегревање : Престој на сонце премногу долго без ладење. Сјај од сонцето : Јаката светлина може да го стимулира мозокот прекумерно. Совети за да се изборите со топлината и мигрената: Останете внатре за време на најжешките часови (11:00-16:00). Пијте вода редовно — дури и пред да се почувствувате жедни. Носете очила за сонце и шешир со широк обод. Користете ладни облоги или марами за врат. Не дозволувајте летото да ви го наруши мирот. Неколку мали промени можат да направат голема разлика.