Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2021

СО ЛЕСНО

Јануари помина и беше супер месец. Успешно вклопив 10 ОМАД дена од кои два во ден со мигрена и еден на вториот ден од циклусот. Да се надеваме дека Фебруари ќе биде уште подобар. Уште му се мислам на 36- часовниот режим, па ќе видиме дали ќе се осмелам.  Кога ќе се спомене пост, особено кога ќе се спомене ОМАД на луѓето околу вас одеднаш им станува непријатно. Тогаш почнуваат муабети од типот- тоа е гладување, штетно е, ќе се успори метаболизмот и сл. Но некако најголемиот страв доаѓа од „гладта“ и како да се издржи и преживее.  Во овој пост нема да зборувам за тоа зошто е добро постењето, тоа веќе сме го зборувале. Тука сакам да ви дадам совети за како да се справите со гладта.   Photo by Dominik Martin on Unsplash Ако сакате да направите продолжен пост од 24-36 часа, започнете го денот со напиток од оцет и сол. Во голема чаша додадете една лижица јаболков оцет, и 1/4 чајна лажичка хималајска сол. Пијте полека во текот на утрото. Попладне повторете ја дозата. Напитокот има вкус на су