Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2023

АУРА

Аурата е истовремено непогода и супер моќ. Ви дава можноста навремено да реагирате но и предвидува лош остаток од денот. Јас лично имам визуелна аура која почнува со светкање а продолжува со слепило во фокалниот дел. Трае од 15-тина минути до 2 часа и крајот на аурата е почеток на болката.  Photo by Stefan Cosma on Unsplash Аурата најчесто трае околу 1 час и представува низа на сиптоми кои се јавуваат во почетната фаза на мигренозниот напад. Се појавува кај една третина од пациентите со мигрена. Што точно ја предизвикува не е точно познато. Ова се најчестите симптоми: Визуелни симптоми Визуелните симптоми се најчест вид на аура. Тие се во вид на светли точки, треперење на светлина, блесочи, цик-цак линии, слепи точки, дефокуситање и сл. Ова може да биде голема пречка во секојдневното функционирање особено при возење, работа со машини, работа на компјутер итн. Говорни симптоми Говорните симптоми поретко се јавуваат но сепак се пристуни. Станува збор за неможност да се сетите на вистинс

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по нападот и може