Skip to main content

АУРА

Аурата е истовремено непогода и супер моќ. Ви дава можноста навремено да реагирате но и предвидува лош остаток од денот. Јас лично имам визуелна аура која почнува со светкање а продолжува со слепило во фокалниот дел. Трае од 15-тина минути до 2 часа и крајот на аурата е почеток на болката. 

Photo by <a href="https://unsplash.com/@stefanbc?utm_content=creditCopyText&utm_medium=referral&utm_source=unsplash">Stefan Cosma</a> on <a href="https://unsplash.com/photos/turned-on-focus-signage-0gO3-b-5m80?utm_content=creditCopyText&utm_medium=referral&utm_source=unsplash">Unsplash</a>


Аурата најчесто трае околу 1 час и представува низа на сиптоми кои се јавуваат во почетната фаза на мигренозниот напад. Се појавува кај една третина од пациентите со мигрена. Што точно ја предизвикува не е точно познато. Ова се најчестите симптоми:

  • Визуелни симптоми
Визуелните симптоми се најчест вид на аура. Тие се во вид на светли точки, треперење на светлина, блесочи, цик-цак линии, слепи точки, дефокуситање и сл. Ова може да биде голема пречка во секојдневното функционирање особено при возење, работа со машини, работа на компјутер итн.

  • Говорни симптоми
Говорните симптоми поретко се јавуваат но сепак се пристуни. Станува збор за неможност да се сетите на вистинскиот збор, или неможноста да се изговара правилно. Моториката на усните и јазикот  е компромитирана па доаѓа до мрморење и нејасен говор.
  • Други симптоми
За време на аурата може да се појават разни други симптоми како пореметувања на сетилата за случ, мирис, допир. Некогаш се чувствува трнење на екстремитетите или пецкање. Може да се јави и слабост на екстремитетите. 


Во овој блог се споделени моите лични искуства и мислења. Јас не сум лекар. Пред да употребите било што од советите и техниките советувајте се со вашиот лекар.


Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. О...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...