Skip to main content

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно.
  1. Продом
  2. Аура
  3. Акутна 
  4. Резолуција 
  5. Постдром
  6. Интериктална


  1. Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл.
  2. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите.
  3. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл.
  4. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза. 
  5. Постдромот е фаза на мамурлак по нападот и може да биде и полоша од самиот напад. Проследена е со умор, конфузија, повратна главоболка, депресија, вртоглавици, чувствителност на сетилата и сл. 
  6. Интерикалната фаза е фазата помеѓу два напади во која немаме симптоми. 

Првите две фази обично трaaт по неколку часови. Акутната фаза може да трае од неколку часови па до 2-3 дена. Но постдромот може да трае повеќе денови. 


Во овој блог се споделени моите лични искуства и мислења. Јас не сум лекар. Пред да употребите било што од советите и техниките советувајте се со вашиот лекар.

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. О...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...