Skip to main content

СО ЛЕСНО

Јануари помина и беше супер месец. Успешно вклопив 10 ОМАД дена од кои два во ден со мигрена и еден на вториот ден од циклусот. Да се надеваме дека Фебруари ќе биде уште подобар. Уште му се мислам на 36- часовниот режим, па ќе видиме дали ќе се осмелам. 

Кога ќе се спомене пост, особено кога ќе се спомене ОМАД на луѓето околу вас одеднаш им станува непријатно. Тогаш почнуваат муабети од типот- тоа е гладување, штетно е, ќе се успори метаболизмот и сл. Но некако најголемиот страв доаѓа од „гладта“ и како да се издржи и преживее. 

Во овој пост нема да зборувам за тоа зошто е добро постењето, тоа веќе сме го зборувале. Тука сакам да ви дадам совети за како да се справите со гладта.  



Ако сакате да направите продолжен пост од 24-36 часа, започнете го денот со напиток од оцет и сол. Во голема чаша додадете една лижица јаболков оцет, и 1/4 чајна лажичка хималајска сол. Пијте полека во текот на утрото. Попладне повторете ја дозата. Напитокот има вкус на супа, и ја задоволува потребата да се вкуси нешто. Јас досега два пати сум правев постови од 72 часа (во болнички услови поради тестирање и операција) и потребата да вкусам нешто и двата пати ми беше најголем предизвик. Пијалокот воедно ќе ви го држи нивото на електролити стабилно, па нема да ви се појават главоболки или несвестица. Оцетот ќе ви помогне на повеќе начини а за тоа зборувавме тука ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ.

Пијте природни билни чаеви. Нането, маточината, мајчината душичка. камилицата и многу други се докажано благи ублажувачи на гладта. Затоа правете си чајчиња во текот на денот и пијте си ги топли. Добро е и за душа и за тело. 

Пијте горко кафе во времето во кое обично би јаделе. Пијте го топло и полека. Ова значително ќе ви ја намали гладта во периодите на покачен грелин. 

Во кафете може да додадете и полномасно млеко, лажичка путер или лажичка кокосово масло, или сите три. Ова технички е прекршување на постот, но влијанието е помало од бенефициите и доколку ви помага на почетокот да издржите слободно практикувајте. 

Доколку ви е многу тешко во првите денови може да испиете по една чаша супа од зеленчкук и коски. Во супата ставете зелен зеленчук, не коренест, зачини, коски и сол. Варете 2-4 часа и процедете. Складирајте ја во фрижидер до 5-6 дена, или во замрзнувач до 2-3 месеци. И ова технички е прекршуање на постот, но влијанието е помало од бенефициите. Практикувајте додека да се навикнете, а потоа обидете се и без супата. 

Направете пудинг од вода и две лажици чиа семе. Овој пудинг многу ќе ве засити бидејќи чиа семето многу нараснува па ќе ви го пополни стомакот, но и ќе ви даде многу микронутриенти. Дискутабилно е дали го нарушува постот.

Фокусирајте се на работата. Постот мене ми ја зголемува продуктивноста. Секое утро правам список за работи кои треба да ги завршам, и за време на појадокот излегувам да завршам нешто надвор од канцеларијата. Нема потреба да се мачите и да ги гледате колегите додека јадат. Во текот на денот постојано си го проверувам списокот и се фокусирам на работата максимално за да не мислам на јадењето. 

Правете работи во кои уживате. Прошетајте се. Прочитејте добра книга. Насликајте нешто. Исплетете џемпер. Гушнете ги децата или внуците. Гушнете си го мачорот...

Не гледајте телевизија. Рекламите се 70% за храна. Во сите филмови и серии и емисии се јаде. Ова ќе ви ја зголеми гладта.

Во моментите н слабост помислете на бројката на вагата која ќе ја видите утредента. Вие сте појаки од тоа колаченце. Верувам во вас. 

Најпрвин расчистете со тоа која е целта на вашето постење. Доколку целта е намалување на тежината, на инсулинот, лечење на дијабетес тогаш приоритет е постот да се издржи на долги стази и телото постепено да се навикнува. Постењето тогаш е маратон па одредени отстапувања се дозволени. Доколку целта пак е афтофагијата, лечење на одредена автоимуна болест или антиканцерогеното дејство тогаш задржете се на строг пост само со вода и бидете спринтер. 


И се разбира доколку во било кој момент ви стане лошо. Прекинете го постот веднаш. Обидете се утре пак. 

Доколку пиете лекови и имате одредена дијагноза консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете постови подолги од 16- часа. 



Comments

Popular posts from this blog

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...

ЛЕТНАТА ТОПЛИНА ТРИГЕР ЗА МИГРЕНА

 Летото е време за сонце, одмори и забава — но за оние кои страдаат од мигрена, топлината може да биде скриен тригер. Високите температури можат да предизвикаат дехидратација, ширење на крвните садови и нарушувања на спиењето, што сè води до зголемување на фреквенцијата и интензитетот на мигрените. Photo by Ethan Robertson on Unsplash Најчести тригери во лето: Дехидратација : Често се потценува, но е клучна. Мозокот е многу чувствителен на промени во хидратацијата. Прегревање : Престој на сонце премногу долго без ладење. Сјај од сонцето : Јаката светлина може да го стимулира мозокот прекумерно. Совети за да се изборите со топлината и мигрената: Останете внатре за време на најжешките часови (11:00-16:00). Пијте вода редовно — дури и пред да се почувствувате жедни. Носете очила за сонце и шешир со широк обод. Користете ладни облоги или марами за врат. Не дозволувајте летото да ви го наруши мирот. Неколку мали промени можат да направат голема разлика.

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/