Skip to main content

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Кога животот ќе ти даде лимони, направи си лимонда!

Здраво,
Денеска за прв пат по неколку мигренозни денови се чувствувам одлично. Веќе е пладне а утрото без појадок помина неосетно. Денес сакам да зборуваме за јаболковиот оцет. 

Зошто?

Јаболковиот оцет нема многу хранливи состојки од тип на витамини и минерали, но има една состојка која помага во регулацијата и апсорпцијата на витамините и минералите во телото. Станува збор за оцетна киселина - acetic acid.

Повеќето од луѓето имаат тело кое е премногу алкално. Тоа ја спречува апсорпцијата на калциомот, предизвикува загуба на калиумот и го намалува имунитетот на телото. Истовремено може да предизвика артритис, мигренозни болки, грчеви во мускулите, око кое игра...

Алкалозата е предизвикана најчесто од зголемен кортизол ,кој влијае дирекно на PH вредноста на телото. Ова е хормон кој се лачи кога организмот е под стрес. Алкалозата може да биде предизвикана и од високопротеинска исхрана од тип на Аткинсонова диета и сл.

Пиењето на Јаболков оцет ќе ја зголеми киселоста на организмот и ќе влијае позитивно на повеќе нивоа:
- помага на апсорпција на минерали како калиум и калциум
- ја подобрува дигестијата на протеините
- го подобрува имунитетот и штити од настинки и вируси 
- ја подобрува функцијата на тироидната жлезда
- помага во намалување на телесната тежина преку регулирање на инсулинот и намалување на резистентноста нa инсулин
- ја намалува гладта
- го подобрува расположението

Kога не?

Не е препорачливо да се пие доколку имате чир на желудникот или гастрит. 

Рецепт:

-1 чаша вода
-1-2 лаж јаболков оцет
-1 лаж лимонов сок
- украсете со кругчиња лимон
- доколку веќе применувате било каков режим на постење додадете и 1/4 лажичка сол кој содржи и калиум (хималајска, калиумова...) ова ќе ви помогне полесно да стигнете до наредниот оброк.

Kako?

Пијте една чаша рано наутро, а препорачливо е и по една чаша пред секој оброк. 

Се читаме во Петок...


Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/