Skip to main content

МАНТРА

Здраво,
Повторно е доцна, повторно е ноќ по тежок ден (како што би рекле Битилсите). Во вакви вечери обично би испила ладно сладко кафе, или би изела половина чоколадо, или пак сладолед, или чипс и пиво... милион лоши начини на самосожалување. Факт е дека ни една од овие опции нема да направи да се почувствувам помалку уморно, ниту пак ќе направи утре денот да ми биде подобар. Утре пак ќе работам напорно, утревечер пак ќе барам утеха во храната. 
Како работи мозокот на зависникот... само една коцка ќе изедам, само денес, само уште една, утре ќе почнам од почеток, каква разлика ќе направи само еден ден, јас заслужувам да се почестам, премногу сум уморна за диета, зашто се измачувам ни оваа диета нема да успее... работи брбори убедува. Денес не се предавам, утре ќе биде нова борба.
If you have a strong enough why,
you can do any how!
Ако имаш доволно јако зошто, ќе можеш да постигнеш се. Затоа овој пат имам мантра која си ја повторувам секој пат кога чоколадна торта ќе ми продефилира пред носот. Мојата мантра е едноставна и лична. Таа е сржта на мојата цел. 
Кога ќе остарам, сакам на моите деца да сум им поддршка а не товар!
Тоа е се. Толку едноставно.
Поддршка не товар!


Сакам да сум жива да ги видам моите внуци! Сакам да сум здрава за да можам да се грижам за нив! Сакам да се сеќавам на се за да можам да ги учам и да им раскажувам!

Не сакам... нема ни да зборувам за тоа што не сакам. Зборовите се мисла, мислата е енергија а енергијата станува реалност. Сакам мојата реалност да станат работите кои ги сакам.

Која е вашата причина?
Која е вашата мантра?

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/