Skip to main content

ПРАЗНИЦИ СО МИГРЕНА

Photo by Michelle on Unsplash

Празниците се период за веселби, дружби, гозби и возбуди. А за нас тоа значи и стрес, изместен распоред на спиење, неправилна исхрана, алкохол и затоа неизбежни напади на мигрена. 

Денес ќе споделам неколку совети за како де ги пребродиме празничните денови побезболно. 

  • Стрес- планирајте однапред за да го намалите стресот. Купете подароци навреме, избегнувајте ги гужвите во моловите и продавниците. Практикувајте вежби за дишење за да го намалите стресот. Направете листа со музика за медитација и смирување. Посветете си неколку мига само за вас секој ден.
  • Алкохол- за многумина од нас алкохолот е голем тригер. Затоа знајте точно колку и што можете да испиете и дали воопшто можете да толерирајте алкохол. Знајте ги своите граници и не ги надминувајте, дури и ако почувствувате притисок од околината. Затоа е добро да празнувате со луѓето кои ве разбираат и се грижат за вас. Обидете се да го прескокнете црвеното вино, кое е еден од најчестите тригери.
  • Храна- јадете умерено и редовно. Ограничете внес на сирења, процесирано месо, чоколада и кофеин. 
  • Сон- обидете се да се да го задржите ритамот на спиење. Планирајте ги средбите порано во денот доколку е можно. Недостаток од сон, но и изместен циклус на спиење е честа причина за мигренозни напади.
  • Светла- јако светло и и трепкање од светулки може да предизвика напад. Затоа изберете украси со топло статичко светло.
  • Миризби- јаките миризби се предизвик за повеќето од нас. Затоа избегнувајте миризливи свеќи, спрејови и украси. Изберете природни миризби од зачини и овошје.
  • СОС- припремете сет за итни случаи кој ќе го носите со вас каде и да отидете. Сетот може да содржи лек за блага болка, лек за јака болка, лек за смирување, лек против гадење етерични масла за вдишување или било која комбинација која ви помага. Доколку планирате да патувате подолго во автомобилот во секое време носете и вода.
  • Вода- хидрирајте се редовно и доволно!
Повеќе прочитајте на:

https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/how-do-you-survive-the-holidays/

https://migrainetrust.org/news/tips-to-manage-your-migraine-this-holiday-season/

https://www.self.com/story/migraine-holiday-tips


Среќни и безболни празници! 




Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. О...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...