Skip to main content

П ЗА ПОЧЕТОК

Почни пред да бидеш подготвен
Marie Forleo

Здраво,
Денеска е добар ден за нови почетоци. Ќе прашате зошто. Не е Понеделник, не е први во месецот и сигурно не е нова година- но сепак денес е ден за почеток затоа што денес е денес!
Јас почнав со моето ИФ патување нешто пред почетокот на оваа година. Ги изгледав сите можни видеа на dr. Jason Fung почнав да ја читам неговата книга и преку ноќ решив дека сум спремна за повеќедневен пост. 
Таа вечер неможев да спијам од ентузијазам. Утрото станав полна со енергија, си направив кафе и долг список со работи со кои ќе си го одвлекувам вниманието во текот на денот. Сепак се што е потребно е силна волја нели? Се разбира дека не! Ние сме физички суштества водени од хормони. Хормоните решаваат кога и колку ќе сме гладни, и тие решаваат кои се границите на нашата волја. Кај мене тоа беше веќе во 14 часот кога решив дека е време за појадок. 
Утредента се разбудив попаметна. Решив да не се откажувам и да продолжам полека, постепено, персонализирано, проучено, и со пријатели.


ПОЛЕКА
Без разлика на тоа кој режим на ИФ ќе изберете на вашето тело ќе му треба одредено време да се адаптира на новиот режим. Доколку се обидете одеднаш да постите по 24 часа и повеќе тоа ќе биде голем шок и физички и ментално. Пробано на своја кожа.

ПОСТЕПЕНО
Најдобро е да започнете со постењето постепено. Доколку јадете неколку оброци на ден а меѓу нив по неколку ужини, тогаш обидете се првин да се сведете на 3 оброци без ужина и грицки. На тој начин ќе дојдете до 12/12 режим. 
Потоа обидете се појадокот да биде што е можно покасно. Постепено зголемувајте го времето помеѓу вечерата и појадокот по еден час неделно додека не стигнете до 16/8 кога всушност појадок станува ран ручек и вие всушност сте на два оброка на ден.
На истиот начин може да стигнете и до еден оброк на ден или пак до повеќедневни пости. 


ПЕРСОНАЛИЗИРАЈ
Ова не е диета, ова е животен стил. Мора комплетно да се вклопи во вашиот распоред. Размислете како изгледа еден ваш ден. Што за вас е најбитно. 
Дали појадувате со семејството пред работа? Во тој случај обидете се да се откажете од вечерта. 
Дали пак вечерта ви е заеднички оброк? Тогаш стремете се кон отфрлување на појадокот.
Како и да е нека функционира за вас. Обидете се да не се споредувате со другите.

ПРОУЧИ
Јас секој ден слушам барем по едѕнп видео или подкаст на темата. Понекогаш професионални анализи од страна на доктори или нутриционисти, понекогаш сведоштва од луѓето кои веќе ги достигнале своите цели. Ова многу ме мотивира но и постојано учам по нешто ново и ги коригирам моите рутини. 

ПРИЈАТЕЛ
Зарем е потребно било што да се каже на оваа тема. Се е полесно со пријател. Кога има некој со кој меѓусебно ќе се бодриш и на кој ќе му даваш секојдневно отчет за напредокот мотивацијата е поголема и целта е поблиску.

ПРОГРЕС НЕ ПЕРФЕКЦИЈА
И конечно не бидете перфекционисти. Никогаш нема да дојде вистинскиот ден. Нема да имате совршена недела. Ќе се случат непредвидени настани. Ќе наидете на животни препреки. Само продолжете понатаму. Тоа скришно колаче не е причина за да се откажете. 

Каков беше вашиот почеток? Имате ли некој интересен совет кој не го споменав? Пишете подолу во коментарите.

Се читаме...

Comments

Popular posts from this blog

ЛЕТНАТА ТОПЛИНА ТРИГЕР ЗА МИГРЕНА

 Летото е време за сонце, одмори и забава — но за оние кои страдаат од мигрена, топлината може да биде скриен тригер. Високите температури можат да предизвикаат дехидратација, ширење на крвните садови и нарушувања на спиењето, што сè води до зголемување на фреквенцијата и интензитетот на мигрените. Photo by Ethan Robertson on Unsplash Најчести тригери во лето: Дехидратација : Често се потценува, но е клучна. Мозокот е многу чувствителен на промени во хидратацијата. Прегревање : Престој на сонце премногу долго без ладење. Сјај од сонцето : Јаката светлина може да го стимулира мозокот прекумерно. Совети за да се изборите со топлината и мигрената: Останете внатре за време на најжешките часови (11:00-16:00). Пијте вода редовно — дури и пред да се почувствувате жедни. Носете очила за сонце и шешир со широк обод. Користете ладни облоги или марами за врат. Не дозволувајте летото да ви го наруши мирот. Неколку мали промени можат да направат голема разлика.

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/

КАКО МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ДЕЦАТА СО МИГРЕНА

     Денеска би сакала да зборуваме за нашите најмали паталци, за децата со мигрена. Од почетните прашања при зачленување во групава знам дека многу од вас имаат деца со мигрена и тука сте најмногу заради нив. И мојот син како и јас има мигренозни напади. И јас од најрано детство имам мигренозни напади и затоа постојано сум заинтересирана за начини на кои можам да му помогнам.    Мигрената кај децата воопшто не е ретка и загрозува около 10% од децата во основно училиште и до 28% од адолесценти од средношколска возраст. Многу од децата нападите продолжуваат да ги имаат и откако ќе станат возрасни. И иако симптомите и манифестацијата на мигрената кај децата се различни сепак постојат многу начини на кои родителот може да им помогне и олесни.                                                    Photo by  ...