Skip to main content

ДЕН ЗА МАМЕЊЕ

Здраво,
Денеска е Понеделник но во овој пост јас сакам да зборувам за мојата Недела. Кога го започнав овој режим наидов на еден многу добар совет од страна на Kejлa oд youtube. Таа препорачува Неделата да биде ден за мамење, ден во кој не важат никакви правила, и за неколку часа вие не сте на диета, живеете и јадете како што ќе посакате. 
Прво идејата ми беше многу одбивна. Си велев тоа може многу да наштети на мојот напредок. Тоа ќе го забави слабеењето... Но откако размислив убаво сватив дека е многу добра идеја. Впрочем ИФ не е диета туку промена на начинот на живот. Тоа е своевидно лишување од задоволстото и утехата кои ги нуди храната и ако се гледа на тој начин може да биде голем притисок да се издржи подолго време. Посебно ако се обидувате како мене ИФ да го комбинирате со Кето кога освен од сладките се откажувате и од овошјето и тестата, притисокот е голем.
Затоа да се има ден во кој се е дозволено е одличен начин да се почестите себе си за добрата работа и да си приуштите дел од храната која сте ја посакувале во текот на неделата.

Кејла имаше уште еден одличен совет- да си почнете список на кој во текот на неделата ќе си запишете се нешто за кое сте имале желба но не сте смееле да го изедете. Па кога ќе дојде вашиот ден за мамење ќе може желбата да си ја исполните. Јас ова го применувам веќе неколку месеци и наоѓам дека штом нештото ќе го запишам во списокот веднаш нагонот ми се смирува и можам да продолжам мирно со денот. А кога Неделата ќе дојде само мал дел од посакуваните грешни задоволстав сеуште се интересни...
Како вие се справувате со поривите за сладко? Би примениле ли ден за мамење?

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. О...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...