Skip to main content

КЕТО ИЛИ НЕ

Здраво,
Предходната недела решив да се обидам со кето.
Не сум била 100% доследна до режимот ама ги исфрлив лебот и сладките комплетно, и ги исфрлив грицкањата меѓу оброците комплетно. Единствено два три пати си дозволив овошје зошто сега е сезона на највкусните овошки и просто неможам да одолеам. 

Photo by Anh Nguyen on Unsplash

Размислував на тема кето веќе некое време. Искрено да кажам многу се плашев да се обидам. Си мислев дека ќе бидам гладна. Си мислев дека ќе ме боли главата. Си мислев дека нема да биде вкусно. Но всушност супер се чувствувам. Почнав со намера да пробам две дена во неделата но денес е 9-ти ден и сеуште немам потреба да јадам јагленихидрати.
Photo by Brooke Lark on Unsplash

 

Што е КЕТО

Кето е начин на исхрана во кој организмот енергијата комплетно ја добива од согорување на кетони. 

Што е КЕТОН?

Кетон е алтернативен извор на енергија кој потекнува од мастите, но не е ниту маст, ниту јагленхидрат, ниту протеин. Кетони се создаваат во организмот кога значително ќе го намалите внесот на јагленихидрати или значителнно ќе ја намалите фрекфенцијата на внесување на оброци во организмот (пост). Затоа се препорачува комбинација на Кето со ИФ за максимална продукција накетони во организмот. Бидејќи кетоните се создаваат од мастите, за нивна продукција се користат мастите кои ги јадете, но и најважно- вашите масни наслаги.

Како до КЕТО?

Секој организам е посебен во однос на тоа. Зависи од тоа колку време организмот бил со прекумерна тежина, колку му е висок инсулинот во крвта, каква била исхраната предходно исл... Најчесто организмот влегува во кето фаза по 3-5 дена исхрана со намален внес на јагленихидрати (под 50гр дневно). Доколку се комбинира со постење од 16 до 18 часа на денот до кетоза се стигнува побрзо. 

Зошто КЕТО?

Кога организмот ќе влезе во фаза на кетоза се случуваат неколку битни и многу корисни работи:
  1. Се зголемува кислородот во телото;
  2. Се зголемува енергијата;
  3. Се подобрва расположението;
  4. Се подобрува работата на мозокот;
  5. Се намалуваат масните наслаги на стомакот;
  6. Се намалуваат хроничните воспаленија во организмот;
  7. Се намалува крвниот притисок;
  8. Се намалува гладта;
  9. Се рециклираат отпадните делови од клетките- аутофагија


Сте пробали ли вие кето до сега? Како сте задоволни? Ако не дали би пробале?
Се читаме наскоро...

Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/