Skip to main content

СТРАВОТ ОД ВАГАТА

When you do what you fear most, you can do anything.
Stephen Richards

Здраво,
Проблемите оваа година никако не завршуваат. Денеска почнав да се чувствувам како да живеам во дистописко општество во кое е нормално да се носат маски, да ви мерат температура, да ве снимаат и набјудуваат а најстрашно од се да ве затвораат како и како ќе сакаат. И згора на се неделава огромни неочекувани судски трошоци. Камо среќа да можев да ги платам со монопол пари... Што да ви кажам имаше неколку емоционални грицкања и засладувања вон периодот за јадење.
Месечниот циклус се наближува, па почнав да се подувувам и кога се ќе се земе предвид, денес качувањето на вага беше многу стресно.


Во текот на месечниот циклус постои нормална варијаација на тежината од 1 до 2,5 килограми. Ова се должи на задржување на водата, прејадување, сладките грицки кои во тој период се скоро неопходни. Оваа тежина се собира при крајот на циклусот и ја снамува два-три дена откако ќе почне новиот циклус. Ова јас го знам. Ова сите жени го знаат. Сепак го мразиме подуениот стомак, и здивот ни застанува од качената бројка на вагата. 

Photo by i yunmai on Unsplash

Откако почнав со Intermitten Fasting почнав да се мерам секој ден. Ова е режим кој бара многу време за да даде резултати, особено кај луѓе со сериозна резистентност на инсулин и долгогодишни проблеми со тежината како мене. Затоа сметав дека е неопходно да знам дали методот кој го применувам функционира или треба да го прилагодувам. Неможем да си дозволам да помине уште една година или две и тогаш да видам дека трудот бил залуден. Затоа е неопходно секојдневно мерење. 
Решив на моето слабеење да му пристапам комплетно од научен аспект (совет од Кејла-линк подолу) и комплетно да ги исклучам емоциите од него. Се мерам секој ден, на бројката гледам како на резултат од експеримент. Таа ми кажува дали експериментот е успешен или ќе треба да се смени. Дали ќе треба уште нешто да се додаде на формулата-планот или е ОК. 
Ги очекувам варијациите во текот на месецот и затоа не се грижам воопшто за дневната бројка. Ја гледам просечната бројка за неделата, за месецот и за годината. Го гледам правецот на кривата од Google Fit и постојана си повторувам- Прогрес не перфекција.


Се плашите ли вие од вагата? Колку често се мерите?


Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ШТО Е ИФ

Здраво, Денес ќе се обидам во кратки црти да ви објаснам што всушност представува наизменичното постење- оригинално Intermitten Fasting кое ќе го скратам на ИФ или постење. Станува збор на начин на исхрана со кој пред се го регулира времето во кое ќе се конзимура храна а храната кој ќе се зема во тој период е ставена на второ место т.е. вие сами си ја регулирате. Photo by Christopher Jolly on Unsplash Денот се дели на два дела- време на пост (fast) и време на гозба (feast).  Во времето на пост не се конзумира храна, а дозволено е да се конзумираат одредени пијалоци. Во времето на гозбата се конзумира храна во зависност од начинот на кој вие ќе изберете.  Има повеќе типови на ИФ и истите се разликуваат генерално по времетраењето на постот. 16/8 Класичен и најприменуван тип на ИФ во моментот е методот 16/8. Станува збор за метод во кој се „пости“ 16 часа од денот а се јаде 8 часа во денот. Познат е и под име „8 часовна диета“.  18/6 Режим на 18 часа пост и 6 часа јадење. О...

Дали дупче во срцето може да ја предизвикува вашата мигрена?

Драги сопаталци инспирирано од коментар на наш член оваа недела ќе го разгледаме Патент Форамен Овале и неговара конекција со мигрените. Оваа е сумирано од повеќе истражувања со помош на AI така да земете со резерва и секогаш консултирајте се со вашиот лекар за вашето здравје. Што е тоа Патент Форамен Овале (PFO)? Патент форамен овале е мало отворање помеѓу левата и десната преткомора на срцето. Кај сите бебиња во стомакот, оваа дупка е нормална и им овозможува на крвните клетки да ја заобиколат белодробната циркулација (бидејќи не дишат преку бели дробови, туку преку плацентата). По раѓањето, оваа дупка најчесто се затвора сама , но кај околу 25% од возрасните , таа останува отворена — и тоа се нарекува патент форамен овале (PFO) . Во повеќето случаи, ова не предизвикува никакви симптоми или здравствени проблеми. Photo by  Kenny Eliason   on   Unsplash Каква е врската помеѓу PFO и мигрена? Истражувањата покажуваат дека постои значајна врска помеѓу PFO и мигрена со ...