Skip to main content

КАЛЦИУМОТ УБИЕЦ?

Минатата недела в Аптека една жена бараше суплементи на Калциум. Го бараше брендот кој има најголема количина на калциум убедена дека истиот е добар за нејзината коса и коски. Сакав да и кажам нешто, но од искуство знам дека одговор можеш да дадеш само на поставено прашање. Сепак од тогаш наваму имам грижа на совеста. Можеби сепак требаше да кажам нешто. 



Во последните неколку години се издадени резултати од неколку студии кои јасно укажуваат на тоа дека штетата од суплементите на калциум ги надминува бенефициите од истите. 

Имињата од публикациите на студиите ќе ги најдете на првите слајдови од видеото подолу. 

Имено постои директна корелација на зголемување на можноста од срцев удар или мозочен излив со конзумирање на суплементи на калциум, како и со зголемување на внес на калциум преку млеко и млечни производи. Калциумот се наталожува по крвните садови правејќи ги крути и не-флексибилни. 

Воедно со низа студии е докажано дека внес на калциум воопшто не ја намалува можноста од остеопороза- ВООПШТО. Неверојатно е што на лекарите овој факт со години им е познат а продолжуваат да препишуваат калциум под изговор дека не може да штети... очигледно не е така. 

Доктор Фунг во видеово прави интересна аналогија. Од сите видови на цицачи само човекот продолжува да пие млеко по периодот на цицање, а сепак од сите видови на цицачи само човекот има остеопороза...

Нема да навлегувам понатаму во детали. Ако пиете калциум или некој ваш близок го пие, погледајте го видеото. Содржината вреди 50-тина минути од вашето време. 



Од Др. Фунг многу ја препорачувам книгата OBESITY CODE која може да ја набавите преку овој спонзориран линк. Во неа има цело поглавје на темата Калциум. 

https://amzn.to/3GcIH9l


Comments

Popular posts from this blog

Суплементи за мигрена со клинички докази: што навистина функционира?

Мигрената не е само обична главоболка — таа е комплексно невролошко нарушување кое може сериозно да влијае на квалитетот на живот. Добрата вест е дека постојат неколку суплементи чија ефикасност е потврдена со клинички студии, а не само со лични искуства. Во овој текст ќе ги разгледаме оние кои имаат најсилна научна поддршка и како практично да ги користите. Суплементи со најсилни докази 1. Магнезиум Магнезиумот е еден од најистражените суплементи за мигрена. Истражувањата покажуваат: Намалување на фреквенцијата на напади Намалување на интензитетот и времетраењето Особено е корисен кај: Мигрена со аура Луѓе со низок магнезиум (што е многу често) Препорачана доза: 400–600 mg дневно (најчесто цитрат или глицинат) Забелешка: Може да предизвика дијареа ако се зема во повисоки дози. 2. Витамин Б2 (Рибофлавин) Рибофлавинот делува така што ја подобрува енергетската функција на клетките (митохондрии), што е клучен механизам кај мигрената. Ефекти: Намалување на бројот на мигренозни напади месеч...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/