Skip to main content

Posts

ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО

 Некогаш сте почувствувале бура пред таа да пристигне? Многу лица со мигрена имаат вакви осетливости. Наглите падови во барометрискиот притисок и температурните флуктуации можат да создадат хаос во мозокот. Зошто времето влијае на мигрената: Промените во притисокот влијаат на нивото на кислород. Наглите промени во влажноста ја засилуваат болката во главата. Громови и топлотни бранови го нарушуваат спиењето и рутината. Како да се справите: Користете апликации за следење на мигрена и времето. Држете ги прозорците затворени и користете клима уред. Пробајте терапија со притисочни точки или магнезиум (со лекарска консултација). Вашето тело може да го чувствува времето, но вашата подготовка е вашиот чадор.
Recent posts

ЛЕТНАТА ТОПЛИНА ТРИГЕР ЗА МИГРЕНА

 Летото е време за сонце, одмори и забава — но за оние кои страдаат од мигрена, топлината може да биде скриен тригер. Високите температури можат да предизвикаат дехидратација, ширење на крвните садови и нарушувања на спиењето, што сè води до зголемување на фреквенцијата и интензитетот на мигрените. Photo by Ethan Robertson on Unsplash Најчести тригери во лето: Дехидратација : Често се потценува, но е клучна. Мозокот е многу чувствителен на промени во хидратацијата. Прегревање : Престој на сонце премногу долго без ладење. Сјај од сонцето : Јаката светлина може да го стимулира мозокот прекумерно. Совети за да се изборите со топлината и мигрената: Останете внатре за време на најжешките часови (11:00-16:00). Пијте вода редовно — дури и пред да се почувствувате жедни. Носете очила за сонце и шешир со широк обод. Користете ладни облоги или марами за врат. Не дозволувајте летото да ви го наруши мирот. Неколку мали промени можат да направат голема разлика.

КАКО МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ДЕЦАТА СО МИГРЕНА

     Денеска би сакала да зборуваме за нашите најмали паталци, за децата со мигрена. Од почетните прашања при зачленување во групава знам дека многу од вас имаат деца со мигрена и тука сте најмногу заради нив. И мојот син како и јас има мигренозни напади. И јас од најрано детство имам мигренозни напади и затоа постојано сум заинтересирана за начини на кои можам да му помогнам.    Мигрената кај децата воопшто не е ретка и загрозува около 10% од децата во основно училиште и до 28% од адолесценти од средношколска возраст. Многу од децата нападите продолжуваат да ги имаат и откако ќе станат возрасни. И иако симптомите и манифестацијата на мигрената кај децата се различни сепак постојат многу начини на кои родителот може да им помогне и олесни.                                                    Photo by  ...

ПРАЗНИЦИ СО МИГРЕНА

Photo by Michelle on Unsplash Празниците се период за веселби, дружби, гозби и возбуди. А за нас тоа значи и стрес, изместен распоред на спиење, неправилна исхрана, алкохол и затоа неизбежни напади на мигрена.  Денес ќе споделам неколку совети за како де ги пребродиме празничните денови побезболно.  Стрес- планирајте однапред за да го намалите стресот. Купете подароци навреме, избегнувајте ги гужвите во моловите и продавниците. Практикувајте вежби за дишење за да го намалите стресот. Направете листа со музика за медитација и смирување. Посветете си неколку мига само за вас секој ден. Алкохол- за многумина од нас алкохолот е голем тригер. Затоа знајте точно колку и што можете да испиете и дали воопшто можете да толерирајте алкохол. Знајте ги своите граници и не ги надминувајте, дури и ако почувствувате притисок од околината. Затоа е добро да празнувате со луѓето кои ве разбираат и се грижат за вас. Обидете се да го прескокнете црвеното вино, кое е еден од најчестите тригери. Х...

РЕТИНАЛНА МИГРЕНА

Ретинална мигрена е симптом кој најчесто но не секогаш предходи на главоболка. Таа предизвикува привремено слепило или нарушувања во видот на едното око. Photo by Ion Fet on Unsplash Ретиналната мигрена и Миргената со аура се два подтипа на Окуларна мигрена. За разлика од Мигрената со аура кај која визуелните нарушувања се јавуваат кај двете очи, карактеристично за ретиналната мигрена е тоа што таа го зафаќа едното око. Исто така кај ретиналната мигрена симптомите доаѓаат од самото око а кај мигрената со аура од мозокот. Не постојат специјални третмани ниту за едниот ниту за другиот третман на мигрена и се третираат со вообичаени третмани за мигрена. Но кај ретиналната мигрена се препорачува да се посети офталмолог и да се исклучат други можни нарушувања кај очите. Повеќе информации на  https://americanmigrainefoundation.org/resource-library/retinal-migraine/

АУРА

Аурата е истовремено непогода и супер моќ. Ви дава можноста навремено да реагирате но и предвидува лош остаток од денот. Јас лично имам визуелна аура која почнува со светкање а продолжува со слепило во фокалниот дел. Трае од 15-тина минути до 2 часа и крајот на аурата е почеток на болката.  Photo by Stefan Cosma on Unsplash Аурата најчесто трае околу 1 час и представува низа на сиптоми кои се јавуваат во почетната фаза на мигренозниот напад. Се појавува кај една третина од пациентите со мигрена. Што точно ја предизвикува не е точно познато. Ова се најчестите симптоми: Визуелни симптоми Визуелните симптоми се најчест вид на аура. Тие се во вид на светли точки, треперење на светлина, блесочи, цик-цак линии, слепи точки, дефокуситање и сл. Ова може да биде голема пречка во секојдневното функционирање особено при возење, работа со машини, работа на компјутер итн. Говорни симптоми Говорните симптоми поретко се јавуваат но сепак се пристуни. Станува збор за неможност да се сетите на вис...

ФАЗИ НА МИГРЕНАТА

Ова се 6-те фази на мигрената. Не сите ги имаат истите фази и не секој напад ги има сите фази. Во секој случај корисно е да се знае по нешто за сите поединечно. Продом Аура Акутна  Резолуција  Постдром Интериктална Продом е првата фаза во која имаме предчувство дека нешто се случува. Оваа фаза е проследена со раздразливост, депресивност, потреба од конкретна храна, немир еуфорија и сл. Аурата е наредната фаза проследена со разни нарушувања на сетилата. Визуелни ефекти како светкање, затемнување на видот и сл,. Пореметено сетило за мирис и вкус. Нерамнотежа, вртоглавица, вкочанетост и пецкање во мускулите. Во акутната фаза настапува главоболката, проследена со преосетливост на сите сетила, понекогаш повраќање, вртоглавици, болки во други делови од телото и сл. Наредната фаза е фаза на резолуција или прекин на главоболката. Најчесто е во вид на спиење поради истоштеност од предходните фази но некои луѓе ја доживуваат и како еуфорична фаза.  Постдромот е фаза на мамурлак по ...